germanska policija

25.09.2023 Скопје

Германските безбедносни служби и полицијата станаа на нозе откако германскиот дневен весник „Билд“ објави сцени во кои се велича Адолф Хитлер и нацистичкиот режим на Октоберфест во село во близина на градот Баузен во германската провинција Саксонија.

Имено, на видеото кое беше објавено на социјалната мрежа Х, но чиј линк овој германски медиум не сакаше да го објави, се гледаат четири лица, тројца мажи и една жена како ја креваат десната рака на начин на германскиот воен марш од Втората светска војна „Ерик“ кој во Германија е познат како „Поздравот на Хитлер“ бидејќи го користеле нацистите во Втората светска војна.

Снимката била направена во неделата вечерта на локалниот Октоберфест, а повеќето од гостите го пееле текстот на песната компонирана од Хермс Нил, член на нацистичката партија на Хитлер во тоа време.

За 16 секунди колку што трае клипот, русокосата која се гледа на видеото седум пати ја крена десната рака во воздух со текст „Срцето ми е полно сладост, а фустан со цветен дезен шири пријатен мирис“. Човекот до неа ја подигнал десната рака 14 пати, а мажот зад него шест пати. Третиот маж до русокосата прво ја подигнал криглата за пиво, а потоа ја спуштил и сам ја подигнал десната рака.

Германскиот весник понатаму посочува дека текстот на оваа песна не е забранет во Германија, но дека е „поздравот на Хитлер“, поради што во овој случај се вклучила локалната полиција.

Полициската станица Герлиќ ја извести јавноста дека започнала истрага. Како што изјави портпаролот на полицијата Марсел Малхов, истрагата се води за кривичното дело – Употреба на симболи на забранети организации и додаде дека во истрагата е вклучена и Агенцијата за државна безбедност.

Како што објавија локалните медиуми, организаторот на Октоберфест се оградил од овој инцидент.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author