12.09.2023 Скопје
Планетата Јупитер ја нарекуваат и „владетел на сите планети“, а неодамна беше погодена од непознат објект од космосот. Ова не е ништо ново – ваквите настани се вообичаени за оваа планета, бидејќи била вклучена во повеќе судири од која било друга планета во нашиот Сончев систем.
Настанот на почетокот на септември е посебен бидејќи научниците од Земјата ретко успеваат да снимат судир, а овој пат се случи токму тоа – судирот го снимил астроном аматер од Јапонија.
На членовите на астрономската заедница им е познат како планетарен дневник МАСА, а видеото од судирот е објавено на платформата Икс (Твитер).
Засега нема информации за големината на објектот кој ја има погодено планетата Јупитер, но на видеото јасно се гледа дека бил доволно голем за да предизвика спектакл.
Ваквите настани се секојдневие на Јупитер, бидејќи се наоѓа во близина на астероидниот појас и привлекува објекти кои поминуваат покрај него со својата гравитација.
きのうのTLで知った木星の閃光、撮影したデータを確認してみたら写っていました。
…声が出ました(^^;
日本時間2023年8月29日1:45、世界時28日16:45です。https://t.co/UYhnvAmA63https://t.co/Y7nCHtJq4k pic.twitter.com/g0FerdyoVg— MASA Planetary Log (@MASA_06R) August 29, 2023
Според студијата завршена во 2013 година, објекти со дијаметар меѓу 5 и 20 метри ја погодуваат планетата Јупитер помеѓу 12 и 60 пати годишно. На секои неколку години се појавува значително поголем – со дијаметар до 100 метри. Научниците истакнуваат дека гравитацијата на Јупитер „командува“ со бројни астероиди, што ја штити Земјата од непожелни настани.
Подготвено од А.Ѓ.