06.09.2023 Скопје
Научниците објавија дека експлозијата на супернова во далечното минато речиси ги уништи сите траги на живот во Сончевиот систем.
Астрофизичарката Дорис Арзуманјан објави дека Сончевиот систем бил речиси разнесен на парчиња од експлозија на супернова што се има случено во негова близина.
Заедно со колегите од Националната астрономска опсерваторија на Јапонија, Арзуманјан откри дека галаксијата тогаш била заштитена со нејзината таканаречена „генеричка капсула“ – облак од молекуларен гас, кој, за среќа, сè уште бил зачуван во тоа време.
Тоа беше првата позната катаклизма со која Земјата можеше да исчезне. И ги имаше повеќе.
Астероидот кој пред две милијарди години речиси ги уништи сите траги на живот на Земјата имаше дијаметар од 25 километри.
Истражувачите од Универзитетот во Рочестер, во американската држава Њујорк, го истражувале кратерот „Вредефорт“ во Јужна Африка – најголемиот на Земјата, со пречник од 300 километри. И дојдоа до заклучок: дека астероидот што го направил е – огромен.
Удри во Земјата со брзина од околу 20 километри во секунда. Некои од микроорганизмите кои се чинеше дека веќе постојат во тоа време покажаа голем отпор – не исчезнаа сите.
Неодамна во Австралија е пронајден кратер долг 520 километри. Прелиминарно, тој бил формиран пред околу 445 милиони години, а астероидот што го создал предизвикал масовно исчезнување на сите живи суштества. Поточно – 85 проценти од се.
Пред околу 700 милиони години се случи најголемото „замрзнување на планетата“ во историјата.
Земјината топка се претвори во џиновска „снежна топка“, а причината се уште не е позната.
Животот што постоел во тоа време бил спасен само затоа што мразот поради некоја причина не ја покрил целата Земја – на екваторот и на некои места во средните географски широчини, некои останале незамрзнати.
Таму биле зачувани бактерии и алги бидејќи имале пристап до кислород и светлина.
Пред околу 252 милиони години се случи „Големото изумирање на животот“ – најголемото во историјата на нашата планета. Во тоа време, преживеале едвај четири проценти од морскиот свет и помалку од една третина од копнениот живот.
Кинеските и американските геофизичари дадоа убедливи докази во списанието „Nature Communication“ дека вулканите потоа го уништиле речиси целиот праисториски живот.
Вулканите беснееја низ целата планета, но беа најактивни на територијата на модерна Индија и Сибир.
Ова траеше стотици илјади години. Некои жители на Земјата едноставно биле отруени, други умреле од глад, други како последица на падот на температурата за околу десет степени.
Самата поплава траеше околу 60.000 години. За среќа, суштествата кои преживеале биле доволни да го поддржат процесот на еволуција, на крајот од кој се појавиле луѓето.
Многу научници веруваат дека библискиот потоп, во кој се има „удавено“ древното човештво, навистина се случило. Доказ се и езерата со солена морска вода, илјадници километри оддалечени од морето и океанот.
Прашањето е само – од каде доволно вода за глобалната поплава? Научниците тврдат дека има дојдено – од длабочините на земјата.
Откритието кое го потврдува ова како најверојатното сценарио го направи Мајкл Вајшен, професор по сеизмологија на Универзитетот во Вашингтон.
Вајшен и неговите колеги откриле дека има огромни резервоари со вода под источниот дел на Евроазија и под Северна Америка.
Научниците тврдат дека ја има барем толку колку во Арктичкиот океан и дека оваа подземна вода – под влијание на тектонските процеси во Земјината кора – повремено излегува на површината.
Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис тврдат дека во „библиската поплава“ се сретнале два монструозни процеси: вода, која се излеала од внатрешноста на Земјата, го подигнала нивото на светскиот океан и вода која стигнала до атмосферата во форма на пареа, каде што се кондензирала и потоа врнело 40 дена и 40 ноќи.
Но, каде исчезна таа вода потоа? Се вратила низ отворите. Вакви „мијалници“ постојат на дното на океанот. Научниците велат дека само преку Маријанскиот ров се враќаат кубни километри вода во утробата на Земјата.
Научниците проценуваат дека џиновски астероид може повторно да падне на планетата Земја, што повторно ќе доведе до големо будење на вулканите и замрзнување на нејзината површина.
Подготвено од А.Ѓ.