slabeenje

19.09.2023 Скопје

Иако есента со себе носи пониски температури, времето сепак е совршено за активности на отворено.

Доколку не сте љубител на теретана и воопшто на тренинзите во затворен простор, тогаш сигурно ве интересира списокот на активности со кои можете да согорувате калории на отворено цела есен.

Не станува збор за никакви нови активности, но секогаш е добро да запомните како можете да го поминувате времето надвор и да направите добро за вашето здравје и тело.

Активностите со кои можете да согорите калории цела есен се:

Пешачење

Пешачењето е едноставна активност која има цела низа здравствени придобивки. Може да се шетате низ населбата, паркот, насипот… Единствено важно е да се движите. За да бидете сигурни дека ќе пешачите, веќе можете да договорите прошетка наутро со партнерот, пријателот или децата во кој било дел од денот.

Возење велосипед

И ако не ви се пешачи, возењето велосипед е уште една активност во која можете да уживате во текот на есента.

Со малку труд од ваша страна, може да согорите пристоен број калории за еден час.

Планинарење

Можеби планинарењето не е изводливо секој ден, но викендите може да се резервира за одење на ридовите. Само еден час трекинг, што е мешавина од пешачење и планирање, може да согори повеќе од 500 калории, во зависност од тежината на искачувањето и тежината на ранецот што го носите.

Трчање

Дури и пет минути трчање дневно може значително да придонесе за вашето здравје и кондиција.

Благодарение на трчањето, мозокот работи подобро, расположението се подобрува, сонот е подобар, крвниот притисок е помал, а ризикот од кардиоваскуларни заболувања се намалува.

Спортови на отворено

Фудбал, кошарка или бадминтон се само дел од активностите кои можете да ги правите на отворено цела есен. Само за ова ти треба друштво. Покрај тоа што ќе направите нешто добро за вашето здравје и ќе согорите калории, многу ќе се забавувате.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author