07.09.2023 Скопје
Пентагон објави нов пакет безбедносна помош во вредност од 175 милиони долари за Украина, вклучувајќи муниција со осиромашен ураниум за тенковите Абрамс.
Пентагон соопшти дека воената помош ќе вклучува и противоклопни системи, тактички системи за воздушна навигација и дополнителна муниција за артилериските ракетни системи со висока мобилност (HIMARS).
Најавата се совпаѓа со пристигнувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев, како гест на поддршка за украинската контраофанзива против руските сили, наведува агенцијата.
Подготвено од А.Ѓ.