27.09.2023 Скопје
Претседателот Стево Пендаровски на обраќањето на 26. конференција на началниците на Армиите и командата на силите на САД во Европа од земјите-членки на САД-Јадранската повелба, која денеска беше отворена во Скопје, истакна дека за жал, пролонгирањето на евроинтеграциите, од различни причини, практично на сите западно балкански држави, „го разниша кредибилитетот на Европската Унија.
„Истражувања покажуваат дека опаѓа поддршката за западно ориентираните организации и земји и за прв пат после три децении, расте поддршката за некои други регионални организации“, додаде Пендаровски.
Пендаровски посочи дека руската инвазија врз Украина ја наметнува потребата за интеграцијата на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.
Претседателот укажа дека бавното темпо на процесот на интеграција во Унијата е една од заканите за демократијата на Балканот, потенцирајќи дека повеќе истражувања на јавното мислење покажуваат дека опаѓа поддршката за западно ориентираните организации и земји и за прв пат после три децении, расте поддршката за некои други регионални организации и поинакви модели на управување.
„Странските ентитети настојуваат да ги спречат процесите на интеграција на земјата во Европската Унија. И за таа цел, се развиваат хибридни стратегии и закани, се изведуваат сајбер напади и се продуцираат лажни вести и дезинформации кои ја поткопуваат довербата на граѓаните во институциите и во кредибилноста на регионалните организации во кои сме или сакаме да бидеме“, додаде Пендаровски.
Подготвено од А.Ѓ.