22.09.2023 Скопје
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека прекинот на огнот генерално се почитува на територијата на Нагорно-Карабах, област населена со Ерменци, каде што азербејџанските трупи оваа недела ги поразија локалните одбранбени сили.
„Единиците на одбранбената армија на Нагорно-Карабах остануваат на местата каде што беа во моментот на потпишување на примирјето. Истото важи и за вооружените сили на Азербејџан“, рече Пашинјан во видео обраќањето.
Тој додаде дека „за жал, имало инцидент во околината на Степанакерт“, но дека „прекинот на огнот генерално се почитува, иако понекогаш има прекршувања“.
Ерменскиот премиер додаде дека во моментов нема закана за цивилите во Нагорно Карабах.
Пашинјан рече дека Ерменија е подготвена да прифати бегалци од Нагорно Карабах.
Подготвено од А.Ѓ.