https://www.facebook.com/photo.php?fbid=814811953349738&set=pb.100044628210344.-2207520000.&type=3

29.09.2023 Скопје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска во Белград дека неговата земја е на страната на дијалогот во секој конфликт и дека никогаш не поддржала санкции против ниту една земја.

По разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ и шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, Орбан рече дека дошол во Србија за да има билатерална и трилатерална средба.

„Трилатералната средба имаше за цел, колку што ме интересира, да може да ја претстави српско-унгарската економска соработка пред претставникот од Арапските Емирати и да покаже како ова е исклучителна можност бидејќи економската и политичката соработка меѓу двете земји се успешни и експлицитни, едната наша е во ЕУ а другата не, но тоа не ни е пречка туку можност. Ако некој бара место за инвестирање, тешко дека ќе најде подобро можност од оваа“, рече Орбан.

Тој додаде дека на трилатералната средба на гостинот од Емирати му биле презентирани инфраструктурата, трговијата и различни можности за соработка.

Орбан му се заблагодари на Вучиќ што ја организирал средбата, бидејќи досега, како што рече, Унгарија немала можност да учествува на средба како оваа.

„Мислам дека успеавме на успешен начин да ја претставиме заедничката унгарско-српска перспектива пред трета земја и некои други инвеститори од светот. Попладне ќе имаме билатерален состанок за миграцијата, прашањата поврзани со Брисел, проширувањето на ЕУ и одредени рокови“, рече унгарскиот премиер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author