19.09.2023 Скопје
Општина Аеродром објавив јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети во рамки на Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува во текот на месец септември.
И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, како и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице.
Повеќе информации за јавниот повик и барањето кое треба да се пополни при аплицирање, може да се прочитаат на следниот линк: https://tinyurl.com/9jushs.
Доделувањето на субвенциите ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“, a можат да аплицираат жителите на Општина Аеродром што купиле велосипед во 2023 година, заклучно со 17 Октомври, односно денот кога истекува јавниот повик.
Подготвено од А.Ѓ.