02.09.2023 Скопје
OpenAI, стартапот што ја лансираше моментално најпопуларната вештачка интелигенција ChatGPT, според неофицијални податоци, од него заработува околу 80 милиони долари месечно. Ако овој тренд продолжи, вкупниот годишен приход од тој голем јазичен модел (LLM) би можел да биде 1 милијарда долари.
OpenAI инвестираше околу 540 милиони долари во 2022 година во развивање на програмите GPT-4 и ChatGPT.
OpenAI се смета за една од неколкуте компании во првите редови на таканаречената „генеративна“ вештачка интелигенција (вештачка интелигенција, AI), која може да креира содржини – од видеа до пишување поезија – со помош на едноставни команди од корисниците.
Откако во ноември минатата година беше претставена програмата ChatGPT, OpenAI го изнајмува својот производ на различни компании, кои ја интегрираа споменатата технологија во своето работење и производи.
Подготвено од А.Ѓ.