policija

01.09.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, во три шведски градови во рок од еден час се случија четири експлозии во кои нема повредени, соопшти полицијата.

Малку по еден часот по локално време, полицијата во Гетеборг добила извештаи за две експлозии на различни адреси, со разлика од 10 минути.

Полицијата соопшти дека во инцидентот нема повредени, но дека е причинета материјална штета.

Еден час подоцна, за неколку минути беа пријавени уште две експлозии – едната во Норсборг, предградие јужно од Стокхолм, а другата во Никопинг, околу 100 километри јужно од главниот град.

Во двата случаи, полицијата соопшти дека нема повредени.

Сите четири експлозии се случија во станбени згради.

Полицијата се уште ги истражува мотивите за нападот.

Во 2022 година, според полициските податоци, во Шведска имало 90 експлозии и 101 случај на обиди за бомбашки напади или подготовки за бомбашки напади.

До 15 август годинава се регистрирани 109 експлозии.

Шведска ја подигна тревогата за тероризам на второто највисоко ниво претходно овој месец, објавувајќи дека спречила напади откако палењето на Куранот и другите делови против светата книга на исламот ги разбесни муслиманите и предизвика закани од џихадистите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author