https://www.facebook.com/unitednations/photos/pcb.10160696657665820/10160696656065820/

08.09.2023 Скопје

ОН сакаат да „попуштаат на уцените“ на рускиот претседател Владимир Путин со „масовно“ слабеење на санкциите против неговата земја за војната што ја води против Украина, за да го спасат договорот за извоз на пченица од поранешната советска република.

Целта на овој „таен план“ на Обединетите нации е да ја врати Русија во договорот за извоз на украински житарки.

Москва, всушност, ефективно блокираше околу три проценти од пченицата, односно 725 илјади тони, од кои корист имаше Светската програма за храна на ОН (WFP).

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му предложи „четири конкретни точки“ за договор чија цел е враќање на договорот за украинската пченица.

Прво, Гутереш предлага „заобиколување на санкциите“ наметнати од ЕУ на Руската земјоделска банка (RAB), која е во државна сопственост.

Заедно со другите јавни заемодавци на Русија, Rab беше исклучен од меѓународниот систем за плаќање Свифт по инвазијата на Путин на Украина. Според Гутереш, подружницата на Rab наречена Rshb Capital треба да биде специјално основана за да се заобиколат мерките за санкции.

Оваа компанија ќе разменува комуникации преку Свифт со глобалните финансиски институции, и на овој начин, според генералниот секретар на ОН, компанијата под контрола на Кремљ би делувала како „интерфејс“ и би обезбедувала технички услуги за платежни трансакции без да игра улога на банка, така што нема да бара банкарска лиценца според луксембуршки закон.

Гутереш сака да активира фиктивна банка со цел да ги поткопа санкциите на ЕУ против руските кредитни институции.

Европската комисија објави дека ЕУ, преку ОН, ја извести Русија дека е отворена за изнаоѓање потрајно, поконструктивно решение, така што плаќањата Свифт се усогласени со европските санкции за трансакции кои вклучуваат производи од земјоделски и прехранбени производи.

За возврат, компанијата Свифт објави дека е свесна за дискусиите на високо ниво што во моментов се водат за украинскиот договор за пченица и дека внимателно го следи развојот на настаните.

Како втора точка на договор, Гутереш му нуди на Лавров гаранција од ОН за руските трговски бродови против украинските напади во Црното и Азовското Море. Конкретно, кофинансирана од Обединетите нации руска осигурителна компанија за извоз на храна и ѓубрива заедно со Lojd би можела да биде подготвена за употреба за четири до шест недели.

Гутереш додаде дека ОН ќе ги поддржат гаранциите со цел да се нагласи важноста на рускиот извоз за глобалната безбедност на храната и да се зголеми бројот на учесници на пазарот. Според генералниот секретар на ОН, крајната цел е да се намалат трошоците за осигурување за руските извозници.

Британската компанија за осигурување на бродови Lojd одби да ги коментира гласините.

Како трета точка, Гутереш му предлага на Лавров поддршка од ОН за Русија во обновувањето на средствата замрзнати како резултат на санкциите на ЕУ.

Конкретно, генералниот секретар на ОН истакна дека организацијата што ја предводи би можела да помогне во ослободувањето на имотот на руските компании за ѓубрива замрзнати во ЕУ.

Гутереш исто така истакна дека Лавров треба да претстави список на конкретни сметки или имот што треба да се објави и додаде дека руските компании за ѓубрива мора да поднесат барања за изземање од санкциите до надлежните национални органи на ЕУ.

Обединетите нации ќе соработуваат со релевантните национални власти и оние на Европската унија врз основа на овие апликации.

Во четвртата точка, Гутереш му нуди на Лавров ефективен пристап до пристаништата на ЕУ за руските бродови кои носат храна и ѓубрива со брзи овластувања.

За таа цел, Обединетите нации се подготвени да ги проценат понатамошните можности за олеснување на влезот на руски бродови во пристаништата на Европската унија во контекст на трговијата со земјоделски производи, вклучително и поедноставени процедури за издавање соодветни дозволи, дури и пред поаѓањето од Русија.

За таа цел, ОН веќе започнаа разговори со Европската комисија и избраните пристанишни власти (Германија, Белгија, Холандија, Шпанија).

Германското Министерство за надворешни работи, за медиумиите одговори општо, осврнувајќи се на рестриктивните мерки против Русија и особено на поддршката на федералната влада за продолжување на договорот за украинската пченица.

Од германското министерство изјавија дека извршната власт на канцеларот Олаф Шолц е во близок контакт со своите партнери и ОН.

Извори од украинската влада ги означија предлозите на Гутереш како „неверојатна навреда“ и „награда за агресивното однесување на Русија“ од Обединетите нации.

Украинските власти изјавија дека под овие услови, извршната власт во Киев во никој случај не би се вратила на договорот за жито со Москва, ниту би се откажала од своето „право во согласност со меѓународното право“ да продолжи да ги напаѓа руските воени бродови и инфраструктурата што оваа земја ја подигна незаконски.

Подготвено од М.Н.

About Author