nova opshtinska zgrada gp

21.09.2023 Скопје

Граѓаните на Ѓорче Петров конечно ќе добиваат централизирани услуги на едно место, а на вработените им се овозможуваат сите современи услови за работа.

Новата општинска зграда во Ѓорче Петров е на површина од 3.285 квадратни метри, поделена е на пет нивоа, со 66 нови канцеларии, две сали за состаноци, амфитеатар, четири чајни кујни, тоалети и тоалети за лица со инвалидитет, два лифта и останати технички простории.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, изјави дека се пресреќни затоа што можат да го означат и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во изминатите 10 години.

„Иднината зависи од она што го правите денес. Она што ние го правиме денес останува во рацете на нашата иднина и нема поголем мир во душата од тоа да знаеш дека создаваш за генерациите.Моја желба е да оствариме уште многу капитални чекори заедно во годините што доаѓаат“, истакна Стојкоски.

Исто така, тој додаде и дека овој грандиозен објект ќе остане во наследство на генерациите и потсетник за едно време кога вистински, отчетно, чесно и транспарентно се работи.

На пуштањето во употреба на објектот присуствуваа совтеници од општината, вработени и граѓани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author