niger nemiri

25.09.2023 Скопје

Од Агенцијата за безбедност на воздушниот сообраќај во Африка и Мадагаскар соопштија дека бунтовниците кои ја презедоа власта во Нигер го затворија воздушниот простор на земјата за француските авиони.

Во соопштението на Агенцијата се наведува дека воздушниот простор на Нигер е отворен за сите домашни и меѓународни комерцијални летови, со исклучок на француски авиони или авиони изнајмени од Франција, вклучувајќи ги и авионите на Ер Франс.

„Ер Франс“ објави дека нивните авиони не летаат над Нигер.

Кон крајот на јули, група воени бунтовници во Нигер најавија смена на претседателот Мохамед Базум. Тие потоа го формираа Националниот совет за заштита на татковината, на чело со генералот Абдурахман Цијани, за управување со земјата.

Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) го суспендираше членството на Нигер во организацијата и воведе остри санкции кон земјата.

Исто така, водачите на ЕКОВАС бараат бунтовниците да го ослободат Базума и предупредија на воено решение на ситуацијата доколку не биде ослободен.

Комесарот за политички прашања на ЕКОВАС, Абдел-Фатау Мусах, по состанокот на воените началници на блокот во Гана на 18 август изјави дека е одреден точниот датум за интервенцијата во Нигер, но дека допрва треба да биде официјално објавен.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author