supermesechina

30.09.2023 Скопје

Последната Супермесечина за оваа година можеше да се види на небото вчеравечерта.

Тоа е Супермесечина за жетва бидејќи им помагаше на земјоделците да берат до вечер за да ги соберат своите култури пред првиот мраз. Ова име ја опишува полната месечина која изгледа најблиску до есенската рамноденица на северната хемисфера.

Супермесечината е феномен кога Месечината се приближува до планетата Земја на оддалеченост помала од 360.000 километри, а многу граѓани уживаа во овој феномен, а доказ за тоа се видеа на социјалните мрежи.

Оваа Супермесечина носи и турбуленции на астролошкото небо.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author