01.09.2023 Скопје
Милијардерот Илон Маск на својата платформа Х објави дека корисниците наскоро ќе можат да остваруваат аудио и видео повици преку оваа мрежа.
Маск истакна дека функциите за аудио и видео повици ќе бидат достапни за корисниците на X на телефоните со Android и iPhone, како и на персоналните компјутери.
Како што истакнува сопственикот на оваа социјална мрежа, X платформата ќе стане еден вид голем телефонски именик.
Ова не е изненадување, бидејќи Маск неодамна истакна дека сака да го претвори X во апликација „се во едно“.
Со имплементирање на аудио и видео повици во X, Mask ќе влезе на исклучително актуелен пазар, каде веќе има платформи кои ги нудат овие функции како Whatsapp, Viber, Facebook Messenger и други, а Apple го нуди и на своите уреди преку услугата Facetime.
Подготвено од А.Ѓ.