https://www.facebook.com/photo.php?fbid=724169709078408&set=pb.100044561550831.-2207520000.&type=3

15.09.2023 Скопје

Националната аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) соопшти дека за проучување на неидентификувани летечки објекти (НЛО) ќе бидат потребни нови научни техники, вклучително и напредни сателити, како и промена на начинот на кој овие објекти се перципираат.

Вселенската агенција ги објави наодите по едногодишно истражување на НЛО.

Во извештајот од 33 страници, независен тим нарачан од НАСА предупреди дека негативната перцепција околу НЛО е пречка за собирање податоци.

Официјалните лица рекоа дека учеството на НАСА треба да помогне да се намали стигмата околу таканаречените неидентификувани аномални феномени.

„Во овој момент, нема причина да се заклучи дека постоечките извештаи за неидентификувани аномални појави имаат вонземски извор“, се вели во извештајот.

16-члената комисија заклучи дека вештачката интелигенција и машинското учење се од суштинско значење за идентификување на ретки феномени, вклучувајќи ги и НЛО.

На единствениот јавен состанок претходно оваа година, независен тим избран од НАСА инсистираше на тоа дека нема убедливи докази за вонземски живот поврзан со НЛО.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author