16.09.2023 Скопје
Германскиот синџир на аптеки Росман планира да ја прошири својата малопродажна мрежа на Балканот со навлегување на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија.
Компанијата Росман бележи позитивни деловни резултати на сите европски пазари. Во 2022 година, Росман постигна рекорден раст на продажбата од 12,5 милијарди евра.
Росман неодамна објави дека има воспоставено соработка со групацијата ASPIAG (Spar Austria) и дека асортиманот на Росман ќе биде достапен во продавниците на Spar во Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и северниот дел на Италија. Најавена е соработка и со кинески синџир супермаркети.
Росман неодамна беше присутен во Азербејџан преку партнерски и франшизен деловен систем.
Росман планира да се прошири на Балканот и да влезе на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија. Од централата на Росман во Германија не сакаа да дадат детали за натамошното проширување на малопродажната мрежа и влез на нови пазари.
Росман е најстариот синџир на аптеки во Европа. Првиот објект е отворен во Германија во 1972 година. Компанијата работи на повеќе од 4.500 локации низ Европа и вработува 60.000 работници.
Подготвено од А.Ѓ.