06.09.2023 Скопје
Претседателот на Бундесбанката, Јоаким Нагел, изјави дека, Германија не е „болниот човек на Европа“ и дека германскиот економски модел воопшто не е застарен.
На овој начин, германскиот централен банкар ја коментираше техничката рецесија во која се наоѓа неговата земја, чии економски прогнози изгледаат мрачни.
Во однос на можноста Европската централна банка (ECB) повторно да ги зголеми каматните стапки за да се спротивстави на инфлацијата во еврозоната, Нагел истакна дека Управниот совет на Европската куќа ќе одлучува врз основа на достапните податоци.
Следниот состанок на највисокото тело на ECB е закажан за 14 септември.
Подготвено од М.Н.