https://www.facebook.com/photo.php?fbid=599552928198742&set=pb.100044321205047.-2207520000..&type=3

19.09.2023 Скопје

Додека неколку поранешни и сегашни играчи јавно го пофалија Новак Ѓоковиќ за постигнувањето и освојувањето на 24. Грен слем во Њујорк, шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше еден од оние кои не му честитаа на Србинот за победата на УС Опен!

Надал откри зошто не го направил тоа, како и дека тоа ќе го направи во наредниот период.

„Вистината е дека сè уште не сум му испратил порака на Ѓоковиќ од чисто незнаење. Кога ќе освоите нешто толку важно, од искуство знам дека е подобро да одвоите време за да ја цениме таа порака. Ќе ја испратам, но јас уште не сум го направил тоа“, рече Надал и додаде:

„Се разбира, му испратив порака на Карлос Алкараз кога победи или кога требаше да победи. Другите… Немам многу пријатели на „турнејата“, јас сум од друга генерација. Разговарам со Федерер од време на време“.

Да потсетиме, Надал истакна и дека Ѓоковиќ малку поинаку ја разбира приказната за рекордот кога се во прашање титулите во ГС.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author