22.09.2023 Скопје
Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, соопшти дека не му дозволил на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред Конгресот.
Тој рече дека нема доволно време за говорот на украинскиот претседател бидејќи конгресменот бил презафатен.
Мекарти потсети дека Зеленски веќе зборувал пред Конгресот за време на неговата претходна посета на Вашингтон во декември 2022 година.
Зеленски во текот на вчерашниот ден пристигна во Соединетите Американски Држави за да разговара со конгресмени, особено со републиканците, кои се повеќе се противат на испраќање дополнителна помош за Украина.
Подготвено од А.Ѓ.