mvr kazni pesaci

13.09.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, соопштија од МВР.

Во соопштението од Министерството стои дека, санкционирани се 203 прекршоци, од кои, 172 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, а возачите да ги почитуваат своите обврски кон пешаците, соопшти МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author