05.09.2023 Скопје
Руската Федерална агенција за воздушен транспорт соопшти дека двата главни московски аеродроми „Внуково“ и „Шереметјево“, како и аеродромот „Жуковски“ продолжија со нормална работа по привремениот прекин на сообраќајот рано утринава.
Агенцијата „РИА“ наведува дека околу 40 летови на овие аеродроми претходно биле одложени поради информации за обиди за напад на беспилотни летала во Русија.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските сили за противвоздушна одбрана во регионите Калуга и Москва ги уништиле беспилотните летала кои синоќа се обиделе да го нападнат главниот град.
Собјанин подоцна изјави дека уште еден дрон во регионот Твер бил уништен додека летал кон Москва и дека нема пријавени жртви или материјална штета.
Подготвено од А.Ѓ.