04.09.2023 Скопје
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер се изјасни против зголемувањето на социјалните трошоци и даноците во Германија.
Претседателот на Либерално-демократската партија (ФДП) истакна дека се што вклучува натамошно проширување на услугите не се прилагодува на моменталната економска ситуација во земјата.
Според официјалниот претставник на федералната влада, сите проекти кои вклучуваат други структурни трошоци не можат да се финансираат во моментов.
Линднер додаде дека го гледа справувањето со високата инфлација како една од најитните цели на успешната економска политика.
Конкретно, германскиот министер за финансии истакна дека, приоритет мора да биде борбата против инфлацијата, која претставува сериозна закана не само за државниот буџет, туку и за милиони семејства, и за целиот развој на економијата.
„Откако ќе се обнови стабилноста на јавните финансии и економскиот раст, ќе може повторно да се размислува за проширување на социјалната држава“, истакна Линдер.
Подготвено од М.Н.