https://www.facebook.com/photo.php?fbid=676280610535376&set=pb.100044603281797.-2207520000.&type=3

30.09.2023 Скопје

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ оцени дека сегашниот ризик од дополнително разгорување тензии на Космет е голем, велејќи дека национален и државен интерес на Србија е да го зачува мирот и дека српската армија е подготвена да одговори на сите задачи што државниот врв става пред него.

Тој нагласи дека се што се случувало околу манастирот Бањска, и на северот на Косово и Метохија, е предупредување, но дека мора да се разбере какви се околностите и што не опкружува, што прави Приштина, какво вооружување и какво на опрема што ја има и со што се соочува Србија, не само од политички, туку и од безбедносен аспект.

„Немаме право да се обесхрабруваме, да бидеме очајни, ова мора да биде аларм за политичка мобилизација, ова мора да биде повик да се бориме уште повеќе политички за правата на нашиот народ и за државните и националните интереси на државата Србија во мир“, рече Вучевиќ.

Министерот за одбрана посочи дека државата Србија не учествувала во настаните во Бањска на 24 септември и дека единствен начин да се смири ситуацијата на северот на Косово и Метохија е повлекување на полициските сили на Приштина и за КФОР да ја преземе контролата

„Во тој случај сè ќе се смири и нема да има инциденти или проблеми“, изјави Вучевиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author