11.09.2023 Скопје
Во саботата навечер неколку десетици мигранти се исфрлени од патнички воз на железничката станица Плашки поради, како што тврдат Хрватските железници, агресивно однесување.
Во соопштението се наведува дека машиновозачот, кондуктерот и патниците заедно работеле на исфрлање на мигрантите кои „трчале по возот, викале и се однесувале агресивно“.
Од Хрватските железници наведуваат дека група од околу стотина мигранти се обиделе да влезат во неколку врати од возот додека викале, а првите десетици трчале, викале и се однесувале агресивно при влегувањето.
Оттаму додаваат дека на ова реагирале кондуктерот, машиновозачот и патниците и по десет минути „успеале да ја избркаат таа група мигранти од возот“.
Се тврди дека немало физичка пресметка и повредени.
На овој инцидент реагираше локалното Татковинско движење кое соопшти дека „доста е да фрламе прашина во очите на народот, окупирани сме од мигранти, се плашиме за нашите семејства и здравје!“
„Револуцијата на мигрантите започна“, соопшти локалното Татковинско движење, додавајќи дека мигрантите „како мравки излегуваат од старата фабрика за пулпа“.
„Нивното однесување ги надмина сите мерки на нормален живот и здрав разум, а во општина Плашки ги има се повеќе…
„Значи, она за што предупредуваме од самиот почеток, започна! Нивните намери не се чисти или добри за нашето општество! Дали се неопходни човечки жртви за да се иницира нешто? За нас ова е голем инцидент и човечки животи се загрозени! Со оглед на целата ситуација, можеме само да кажеме браво за сите кои ја прикривате целата ситуација и ја прогласувате ситуацијата под контрола бидејќи тука нема контрола“, изјавија меѓу другото од Движењето Татковина.
Подготвено од А.Ѓ.