25.09.2023 Скопје
Многу луѓе се грижат кога одат по улица зад нив да остане мирис од парфемот што го ставиле.
Некои успеваат да изберат некој што е пријатен за сетилото за мирис, додека други немаат толку среќа. Покрај убавиот мирис, многу е важно и каде на телото го ставате. И не е важно кога тоа го прават мажите, а кога жените.
Главно се работи за вратот и зглобовите, но еве неколку совети каде да ставите парфем, па без разлика на јачината да го мирисате цел ден.
Кај мажите најдобро е парфемот да го испрскаат на вратот и рамената, бидејќи токму тука најмногу ќе се почувствува мирисот. Ќе се чувствува исто толку силно ако го ставите парфемот на градите и зглобовите, а најмалку ќе се забележи ако го ставите на внатрешната страна на лактот и подлактицата.
Кога станува збор за дамите, парфемот треба да го испрскате зад ушите, на вратот, но и на градите – мирисот најдолго ќе остане таму.
Не е на место да ставате парфем на рамената, зглобовите и зад колената. Мирисот најмалку ќе се забележи ако го ставите на внатрешната страна на лактот, за разлика од мажите.
Подготвено од А.Ѓ.