https://www.facebook.com/photo.php?fbid=777357133755879&set=pb.100044447978953.-2207520000.&type=3

26.09.2023 Скопје

Лионел Меси, асот на Интер од Мајами и аргентински репрезентативец изјави дека не размислува да стави крај на својата играчка кариера.

Меси во летниот преоден рок се пресели од ПСЖ во тимот од Флорида. На 12 натпревари за клубот од Мајами постигна 11 голови и забележа пет асистенции.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата пристигна во Барселона од Њуелс во 2000 година, каде играше до 2021 година, а потоа мина две сезони во Франција.

Отсекогаш размислував за една идеја, а тоа е да уживам во играњето аргентински фудбал, како светски шампион, за Њуелс“, изјави Меси, кој минатата година со Аргентина го освои Светското првенство во Катар.

И на терените во Америка, Меси продолжува да го воодушевува светот со своите вештини.

„Не размислувам за крајот на мојата играчка кариера. Не размислувам за тоа што ќе правам по кариерата. Сакам да го правам она во што уживам. Не размислувам за иднината. Ќе уживам како Најмногу ми се допаѓа да играм фудбал“, изјави Меси, кој има договор со Мајами до јуни 2025 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *