07.09.2023 Скопје
Врховниот суд на Мексико донесе одлука за декриминализирање на абортусот на национално ниво, откако утврди дека претходните правила ги кршат човековите права.
Врховниот суд на Мексико едногласно одлучи дека државните закони за забрана на абортусот се неуставни и ги кршат правата на жените.
Судот (SCJN) донесе одлука во средата за декриминализација на абортусот на федерално ниво во Мексико.
Во соопштението на Твитер, судот „одлучи дека правниот систем што го криминализира абортусот во Федералниот кривичен законик е неуставен, бидејќи ги крши човековите права на жените и на лицата кои имаат можност да забременат“.
Оваа значајна одлука се применува на национално ниво и е дел од растечкиот тренд за легализирање на абортусот во Латинска Америка.
Останува да се види дали услугите за абортус ќе станат пошироко достапни во Мексико.
Подготвено од А.Ѓ.