ilon mask i X

19.09.2023 Скопје

Илон Маск, американскиот технолошки претприемач и сопственик на социјалната платформа „Х“, порано позната како „Твитер“, изјави дека борбата против ботови е клучната причина поради која оваа мрежа постепено се движи кон воведување месечни претплати.

„Ова е всушност исклучително тежок проблем. Тоа е веројатно единствената и најважната причина зошто се префрламе на мала месечна претплата за да го користиме системот „Х““, рече Маск во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Активирањето на ботови на големо е евтино, но кога станува збор за плаќање за секој од нив месечно, дури и во мали количини, станува прилично скапо и незгодно, бидејќи сопственикот мора да најде нов начин да плати секој пат кога ќе набави нов бот, додаде Маск.

„Значи, навистина е ограничување на тоа колку различни кредитни картички можете да најдете дури и на темната мрежа или нешто слично“, рече американскиот претприемач.

Маск и Нетанјаху се сретнаа во Сан Франциско за да разговараат за различни теми, вклучувајќи вештачка интелигенција, антисемитизам и правосудство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author