08.09.2023 Скопје
Илон Маск потврди дека го игнорирал Киев за користење на сателитите Starlink, бидејќи „очигледната намера била да се потопи“ руската флота закотвена во Црното Море.
Самиот Маск го постави својот пост наведувајќи дека на овој начин „буквално спречил да избие Трета светска војна“.
„Имаше итно барање од украинските владини власти за активирање на Starlink (сателитски систем) на рутата до Севастопол. Очигледната намера беше да потоне голем дел од руската флота закотвена во водите на Црното Море. Доколку го исполнив нивното барање, тогаш SpaceX ќе беше експлицитно соучесник во тежок воен чин и ескалација на конфликтот“, напиша Маск.
Во афтобиографијата „Маск“ од Волтер Ајзаксон, чие излегување во книжарниците е закажано за 12 септември, се наведува дека Маск наредил да се исклучат од функција сателитите, а потоа прецизирал дека сателитите во таа област не биле активни и затоа не била извршена саботажа на наводна украинска акција која веќе била во тек.
Подготвено од М.Н.