maroko zemjotres

21.09.2023 Скопје

Кралската палата соопшти дека Мароко планира да потроши најмалку 11,7 милијарди долари за реконструкција од земјотресот во следните пет години.

Повеќе од 2.900 луѓе ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес на 8 септември, со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала.

Подрачјата погодени од земјотресот се меѓу најсиромашните во Мароко, со многу оддалечени села без соодветни патишта и јавни услуги. Планот за реконструкција ќе опфати 4,2 милиони луѓе во најтешко погодените провинции Ал Хауз, Чикауа, Тарудант, Маракеш, Уарзазате и Азизлал, соопшти кралската палата по средбата на кралот Мохамед Шести со владините и воените претставници.

Планот вклучува редомување и надградба на инфраструктурата на начин што е погоден за социјален и економски развој во подрачјата погодени од земјотресот, се наведува во соопштението.

Како што е најавено, овој план ќе се финансира од државниот буџет, меѓународна помош и фонд формиран по земјотресот. Фондот досега има собрано околу 700 милиони долари донации.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author