kim jong un poseta rusija

12.09.2023 Скопје

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја, потврди дека лидерот Ким Џонг-ун е пристигнат во Русија и ќе се сретне со рускиот претседател.

Вчера слична потврда дојде и од портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој сепак не даде детали за распоредот на посетата на севернокорејскиот лидер.

Јужнокорејската влада вчера извести дека специјален оклопен воз тргнал од Пјонгјанг за Владивосток и ќе пристигне на својата дестинација утрово. Ова е прво патување на Ким во странство по четири години.

Според јужнокорејското Министерство за одбрана, фотографиите објавени од официјалните медиуми на Пјонгјанг сугерираат дека Ким е придружуван од највисоките претставници на севернокорејската одбранбена и вооружена индустрија.

Белата куќа, минатата недела, врз основа на разузнавачки информации, соопшти дека Русија би можела да преговара за купување артилериски гранати од Пјонгјанг.

Подготвено од М.Н.

About Author