09.09.2023 Скопје
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, наводно е подготвен да потпише договор со рускиот претседател Владимир Путин за испорака на оружје за Москва.
Ова го пренесуваат британските медиуми, според кои, сепак, не е јасно што може детално да предвидува договорот меѓу двете земји.
Како што соопштија медиумите, Северна Кореја би можела да ја снабдува Русија со муниција и балистички ракети со краток дострел, а Русија за возврат би можела да испрати резерви на жито и нафта, како и воена технологија.
Всушност, според извори на кои се повикуваат британските медиуми, соработката меѓу Москва и Пјонгјанг може да оди подалеку од договорите за конвенционално вооружување и храна или енергетска помош, вклучувајќи напредни технологии за сателити, нуклеарни подморници и балистички ракети.
Подготвено од М.Н.