kuleba obrakjanje vo on baranje borbeni avioni

06.09.2023 Скопје

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја отфрли можноста за разговори меѓу неговата земја и Русија за ставање крај на војната.

Шефот на киевската дипломатија изјави дека, секој што вели да се нацрта нова граница или да се направи пауза, прекин на огнот и потоа да се решат сите проблеми, не разбира како тоа функционира, рускиот претседател или „дури сака да му помогне“.

Кулеба побара од Германија што е можно побрзо да и достави крстосувачки ракети Таурус на неговата земја, која е зафатена со одбивање на руската инвазија.

„Секој ден што минува со дискусии, координативни состаноци, процеси на размислување, ја чини Украина животи“, истакна Кулеба.

Украинскиот министер за надворешни работи изрази благодарност до германскиот канцелар Олаф Шолц за воената помош што Германија и ја пружа на земјата, но во исто време, Кулеба нагласи дека одлуката за испорака на Таурус за Украина е исклучиво важно.

„Не сакам да вршам притисок врз него, но се надевам дека одлуката ќе биде донесена брзо сега, а не за неколку месеци“, додаде шефот на украинската дипломатија.

Шефот на киевската дипломатија нагласи дека Украина нема да го користи Таурус „надвор“ од своите „меѓународно признати“ граници. Кулеба на овој начин сакаше да ги увери оние кои стравуваат дека германските крстосувачки ракети би можеле да бидат употребени од украинската армија за да напаѓаат цели на руска територија.

Подготвено од М.Н.

About Author