andrej kovachev

22.09.2023 Скопје

Измените во Законот за бугарско државјанство беа изгласани едногласно во прво читање од страна на пратениците во бугарското Собрание. Освен измената на условите за добивање државјанство, јавно ќе биде објавен и регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош.

„Околу 120.000 граѓани на Република Северна Македонија имаат бугарски пасош, меѓу нив се и многу поранешни и актуелни политичари, пратеници и министри“, истакна бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Ковачев на својот Фејсбук профил напиша: „ Со последната промена, сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои добиле бугарско државјанство во изминатите 22 години врз база на доказ од самите нив на бугарско потекло и декларација за бугарско самоопределување, ќе бидат јавно објавени. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри, градоначалници, шефови на служби, шефови на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говор на омраза и дискриминација од македонските институции затоа што се чувствуваат Бугари. Тие, пак, што се „принудени“ да се преправаат дека се јавни бугаромразачи само за да го прикријат своето бугарско потекло и самоопределување, веќе нема да имаат причина да го прават тоа“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author