04.09.2023 Скопје
Претседателот на Косовската стопанска комора, Љуљзим Рафуна, соопшти дека поради воведените казнени мерки против Косово од страна на Европската унија, економскиот развој на државата претрпува големи кризи.
Европската унија пред повеќе од еден месец, воведе казнени мерки против Косово поради ситуацијата на северот.
Рафуна изјави дека казнените мерки имаат големо влијание врз странските инвеститори, и дека веќе е нарушен имиџот на Косово.
Тој го спомена и исклучувањето од Фондот за дигитализација, а што се однесува до економскиот развој во земјава, Рафуна нагласи дека прогнозите за економски раст годинава се од 3,5 до 4 проценти.
„Падот на извозот во последните два месеци е многу загрижувачки и затоа алармираме до Владата на Република Косово да се фокусира и да направи добра фискална политика, која повеќе ке го помага нашето производство, за да имаме поголем извоз и да го намалиме трговскиот дефицит“, соопшти претседателот на Косовската стопанска комора.
Подготвено од М.Н.