14.09.2023 Скопје
Секретарот на француската комунистичка партија, Фабиен Русел, упати апел „да се изврши инвазија доколку е потребно“ во префектурите, доколку цената на струјата и горивото продолжат да растат.
На француската национална телевизија, Русел изјави дека, доколку владата не го реши овој проблем, ќе организира масовни собири пред префектурите, бидејќи државата ќе покаже дека е немоќна за да дејствува во одбрана на своите граѓани.
Русел категорично истакна дека е „особено лут“ на француското раководство, исто како и многу негови сограѓани, поради високите цени на енергијата.
Подготвено од М.Н.