koka kokain

12.09.2023 Скопје

Посевите на растението кока, од кое се произведува кокаин, опфатија 230.000 хектари од Колумбија во 2022 година, што е за 13 отсто повеќе од 2021 година и на највисоко ниво во последните 20 години.

Покрај тоа, производството на кокаин било на највисоко ниво во последните 20 години, што е зголемено за 24 отсто на 1.738 метрички тони.

Директорката на агенцијата на ОН која го следи производството на дрога, Кендис Велш, истакна дека е загрижувачки тоа што секоја година има зголемување на посевите на кока во земјата, потенцирајќи дека зголемувањето на посевите се има случено во провинцијата Путумало, долж границата со Еквадор.

Првиот левичарски претседател на Колумбија, Густаво Петро, ​​вети дека за време на неговиот мандат, фокусот од борбата против дрогата ќе се префрли на јавното здравје, „наместо неуспешни милитантни стратегии“.

Министерот за правда Нестор Осуна истакна дека Владата сака да го намали обработливото земјиште на 150.000 хектари и производниот капацитет на 900 метрички тони до 2026 година.

Во извештајот на Светската програма за храна на ОН се наведува дека падот на цените на коката предизвикани од прекумерното снабдување и производството во други земји придонесуваат за несигурност на храна во Колумбија и предизвикуваат раселување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author