fudbalski sudija

27.09.2023 Скопје

Судиите во англиската Премиер лига се постојано на удар на навивачите и медиумите на социјалните мрежи.

Последниот во низата напади е дело на Џермејн Џенас, поранешен играч на Тотенхем, кој преку X платформата го навреди целиот судиски тим кој го судеше натпреварот Арсенал-Тотенхем, а малку подоцна ја избриша својата објава.

Зачестените напади на судиите, исто така, водат до фактот дека сè помалку луѓе одлучуваат да се вклучат во оваа работа.

Сепак, и покрај сите проблеми, оваа работа има и свои предности. Ова особено се однесува на финансиите. Англиските медиуми објавија дека судиите на натпреварите од Премиер лигата заработуваат меѓу 110 и 240 илјади фунти годишно. Бонусот по натпревар е 1.500 фунти.

Помошниците судии доаѓаат до бројка од 30 илјади годишно со бонус од 850 фунти по натпревар.

Знаејќи дека просечниот приход во Обединетото Кралство е околу 28 илјади фунти годишно, јасно е дека судиите се доста добро платени за да се справат со притисокот што доаѓа од сите страни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author