omlett

22.09.2023 Скопје

Кога станува збор за хранливата вредност, јајцата се едно од најмоќните пакувања на храна што можеме да ги внесеме во нашиот организам.

Заедно со млекото, јајцата содржат највисока биолошка вредност или златен стандард на протеини, напиша Кетлин М. Зелман, регистрирана диететичарка и директорка за исхрана за Web MD, на нејзината корпоративна веб-страница.

Според неа, едно јајце има само 75 калории, но затоа има 7 грама висококвалитетни протеини, 5 грама масти и 1,6 грама заситени масти, заедно со железо, витамини, минерали и каротеноиди.

Јајцата се навистина суперхрана, но дали може да јадеме премногу од нив и дали во тој случај ќе му наштетат на нашиот организам? Иако „Medical News Today“ наведува дека не постои ограничување на бројот на јајца што човек може да ги изеде, три до пет јајца дневно се сметаат за сосема безбедни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author