12.09.2023 Скопје
Со епицентар во планината Атлас и голема штета во историскиот центар на градот Маракеш, на 8 септември силниот земјотрес со магнитуда од 6,8 степени зеде илјадници животи.
Земјотресот со јачина од 7 степени во главниот град на Хаити, Порт о Пренс, досега е најсмртоносниот земјотрес во 21 век. Епицентарот на земјотресот, кој се случи на 12 јануари 2010 година, беше помалку од 10 километри под површината. Откако островот беше погоден од 52 афтершокови, катастрофата до крајот на месецот однесе повеќе од 300.000 животи.
На 26 декември 2004 година земјотрес со јачина од 9,1 степени ја стресе Индонезија, а епицентарот беше во близина на брегот на земјата, длабоко под океанот. Ова е најјакиот земјотрес забележан во овој век и од 1900 година досега. Потресот го предизвика најлошото цунами некогаш забележано, земајќи 230.000 животи, главно во Индонезија, Шри Ланка, Тајланд и Индија.
Трет на листата со најсмртоносни земјотреси е оној од мај 2008 година во Кина, кој беше со јачина од 7,9 степени, а зеде речиси 88 илјади животи.
На четвртото место е земјотресот од октомври 2005 година што го погоди Пакистан. Овој земјотрес беше со јачина од 7,6 степени и резултира со околу 76.000 загубени животи.
На петтото место е неодамнешниот земјотрес што ги потресе Турција и Сирија, а беше со јачина од 7,8 степени. Овој земјотрес зеде речиси 57.000 животи.
Подготвено од А.Ѓ.