23.09.2023 Скопје
Цените на електричните возила произведени во Кина се за околу 20 отсто пониски од оние кои се произведуваат во ЕУ. Сепак, ЕУ е многу далеку од воведување нови тарифи за увоз на кинески електрични возила, иако е во тек истрага за субвенциите што владата во Пекинг ги дава на нивното производство.
Уделот на електричните автомобили произведени во Кина и продадени во Европа се зголеми на осум отсто во 2023 година, а може да достигне 15 отсто до 2025 година, проценува администрацијата на ЕУ.
ЕУ неодамна започна истрага за овие субвенции.
„Ние сме многу далеку од наметнување увозни давачки за кинеските возила, бидејќи истрагите мора да се спроведат правилно“, рече Марош Шефчовиќ, потпретседател на Европската комисија, извршната власт на ЕУ.
Европската комисија инаку смета дека поевтините кинески електрични автомобили го преплавуваат европскиот пазар, а цените се држат ниски поради значителните државни субвенции.
ЕУ се повеќе се фокусира на состојбата на пазарот на електрични возила пред крајниот рок за забрана за продажба на нови дизел возила до 2035 година.
Од друга страна, се вели дека Кина посветува големо внимание на протекционистичките тенденции и последователните активности на ЕУ и цврсто ги штити легитимните права и интереси на кинеските претпријатија.
Комисијата соопшти дека истрагата против субвенциите може да трае до 13 месеци. Исто така, се вели дека привремените мерки мора да се воведат најдоцна во рок од девет месеци, а потоа четири месеци за изрекување на конечни мерки, доколку тие се законски оправдани.
„Но, во меѓувреме, јасно е дека треба да ги удвоиме нашите напори за да обезбедиме нашата автомобилска индустрија да остане високо конкурентна. Тие ги произведуваат најдобрите, најбезбедните и најчистите автомобили во Европа“, рече Шефчовиќ.
ЕУ веќе има царина од 10 отсто за сите увезени автомобили, САД, уште поголема од 27,5 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.