13.09.2023 Скопје
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија на 18 септември за да разговара со неговиот руски колега Сергеј Лавров, соопшти портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
„Се очекува дискусија за широк спектар прашања од интерес на билатералните односи, вклучително и контакти на највисоко ниво“, изјави Захарова на прес-конференција со новинарите.
Портпаролката Захарова додаде дека министрите ќе разговараат за зајакнување на соработката во меѓународната сфера, заедничка работа во меѓународните организации, но и за решавање на конфликтот во Украина.
Подготвено од М.Н.