hakeri

29.09.2023 Скопје

Неименуван висок функционер на американскиот Сенат изјави дека кинески хакери успеале да украдат околу 60.000 мејлови од американскиот Стејт департмент.

Претходно оваа година, кинески хакери веќе извршија слични напади и ја симнаа платформата за е-пошта на Мајкрософт во процесот.

Овој пат, хакерите стигнале до околу 60.000 мејлови, кои биле украдени од 10 различни сметки на Стејт департментот.

Претставник на Сенатот, кој работи во канцеларијата на сенаторот Ерик Шмит, изјави дека девет од „жртвите“ на последниот хакерски напад се во Источна Азија и Пацификот, а една во Европа.

Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие дејствија.

„Мора да ја зајакнеме одбраната од вакви и слични сајбер напади. Ова не смее да се случи во иднина“, изјави во оваа прилика сенаторот Шмит.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author