https://www.flickr.com/photos/195470460@N04/52102720840/in/photolist-2no94F7-2nv7YrT-WJiL3U-DBVHAz-E3sjiW-DLhLvy-DmRDN1-2no7wFm-2nv1Vip-fmHcv1-DQCbzH-2iLYt87-D1Gp8m-DqgT7y-DJHc63-wWHoez-2nnrQnr-E7QN7c-Dj5kdy-2kpgbrp-a77kdY-Erb3E7-P8zhV-2kpbDSc-DRvTCL-D7KgBp-DoxvBp-2nnSq7Q-qMsmR2-DcLNc9-6wVix1-Fk1KBE-2kpbz8c-p4buh1-DitfSJ-8nqBUz-8ntLvq-E1BSa5-8nqCPi-7U2QKZ-DVC9H7-8nqBw8-4iCdfc-CGQ281-2nqr7he-5n5qo8-2nA3U8F-2kpfQ1E-2kpfhQN-bygvY6

15.09.2023 Скопје

Здравствените власти во Кина соопштија дека од 20 септември, Кина планира да се бори против мајмунските сипаници на ист начин како што тоа го прави кога станува збор за некои други заразни болести, како што е корона вирусот.

Во Кина во август се откриени околу 500 случаи на мајмунски сипаници, кои, според Кинеската Национална здравствена комисија, ќе се третираат во согласност со протоколите од категоријата Б, кои вклучуваат Ковид-19, ХИВ и САРС.

Оваа категорија имплицира дека Кина би можела да воведе итни мерки, како што се ограничување на собири, привремено прекинување на работата или училиштата или затворање на одредени области.

„Повеќе од 20 провинции пријавија случаи на мајмунски сипаници во Кина од првиот увезен случај во септември 2022 година и почетокот на локално пренесените случаи во јуни 2023 година, предизвикувајќи тековни епидемии и „скриени“ преноси“, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Во Кина, заразните болести се класифицирани во три категории, од кои највисока е Категоријата А, која на властите им дава овластување да ги стават во карантин пациентите и оние кои биле во близок контакт со нив.

Кина ја класифицираше борбата против корона вирусот, кој припаѓаше на категоријата А, во категоријата Б на крајот на 2022 година, откако речиси три години беа во сила строгите ограничувања, кои вклучуваа затворање на цели градови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author