sredba kina-germanija

18.09.2023 Скопје

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, која го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“, е „апсурдна“ и претставува „отворена политичка провокација“.

Баербок ова го изјави во интервју за „Фокс њуз“ минатата недела кога одговараше на прашање за руската специјална воена операција во Украина.

„Ако Путин победи во оваа војна, каков сигнал ќе биде испратен до другите диктатори во светот, како што е Си, кинескиот претседател?“, рече таа.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг изјави дека изјавите на Баербок се „крајно апсурдни“ и го навредуваат политичкото достоинство на Кина.

„Тоа е отворена политичка провокација“, рече Мао на прес-конференцијата и додаде дека Кина во таа прилика изрази сериозно незадоволство од Германија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author