15.09.2023 Скопје
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ја посети фабриката за руски воени авиони во градот Комсомолск-на-Амуре, соопштија руските локални медиуми.
Севернокорејскиот лидер во оваа обиколка бил во придружба на рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров.
Ким Џонг-Ун извршил увид во одделот за финално склопување на авионите Су-35 и СЈ-100.
За време на посетата, севернокорејскиот лидер следеше и демонстративен лет на ловецот Су-35.
Подготвено од М.Н.