kim jung un poseta rusija

05.09.2023 Скопје

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун планира следната недела да отпатува во Русија за да се сретне со рускиот колега и да разговара за можноста Русија да и се снабди повеќе оружје за нејзината војна во Украина и други форми на воена соработка.

Ова го известуваат американските разузнавачки извори, според кои Ким ќе го напушти Пјонгјанг со оклопен воз што ќе го однесе до Владивосток, на рускиот пацифички брег, каде што ќе се сретне со Путин, на маргините на Источен економски форум кој ќе се одржи од 10 до 13 септември.

Според истите извори, Ким планира да го посети и Пјер 33, каде што се закотвуваат бродовите на руската Пацифичка флота. Не е исклучено и застанување на Ким во Москва.

Според изворите, Путин сака Ким да се согласи да испрати артилериски гранати и противтенковски ракети во Русија, додека Ким сака Русија да и испорача на Северна Кореја напредна технологија за сателити и подморници на нуклеарен погон.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби минатата недела откри дека Путин и Ким размениле писма пред можниот договор за вооружување, додавајќи дека разговорите на високо ниво за воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг „активно напредуваат“.

Според изворите, идејата за посета на Ким на Русија произлезе од патувањето на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Северна Кореја во јули за да ја прослави 70-годишнината од Корејаската Војна.

Посетата на Шојгу на Северна Кореја беше прва посета на руски министер за одбрана по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Подготвено од М.Н.

About Author