satelit vo vselenata

27.09.2023 Скопје

По едногодишна мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС), капсулата Сојуз МС-23 треба да слета денеска напладне во Казахстан, со двајца руски и единствениот американски космонаут.

„Учесниците на 68-та и 69-та експедиција на МСС – космонаутите на Роскосмос, Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин, како и астронаутот на НАСА, Франциско Рубио, кој помина една година на Меѓународната вселенска станица, треба да се вратат на Земјата во вселенската капсула Сојуз МС -23“, според соопштението на Руската вселенска корпорација.

Се очекува леталото да се одвои од модулот МСС во текот на денот во 10:55 часот по московско време и да го започне својот автономен лет, а приближно во 13:24 часот ќе ги запали своите мотори од орбитата.

Модулот за космонаут и одделот за опрема ќе се одделат од капсулата за спуштање и потоа ќе изгорат во густите слоеви на атмосферата.

Откако ќе влезе во атмосферата, капсулата со астронаутите ќе започне со аеробалистичко кочење, создавајќи околу неа облак од плазма загреан на 2.000 степени.

По забавувањето во густите слоеви на атмосферата, капсулата за спуштање ќе продолжи со маневар за сопирање со помош на падобрани и потоа ќе ги активира погоните за меко слетување пред да се допре на површината на Земјата.

Се очекува модулот да слета југоисточно од казахстанскиот град Жезказган во 14:17 часот по московско време, а тим за пребарување и спасување ќе ги чека космонаутите на Земјата.

Прокопјев, Петелин и Рубио пристигнаа во МСС на 21 септември 2022 година и првично се очекуваше да се вратат на Земјата оваа пролет, но нивната мисија мораше да биде продолжена до 27 септември поради истекување на течноста за ладење од вселенското летало Сојуз МС-22, што се случи на 15.12.2022 година.

Потоа, тројцата космонаути се префрлија од Меѓународната вселенска станица во вселенското летало Сојуз МС-23 како подготовка за нивното враќање на Земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author